Објавен конкурсот за субвенции за нови вработувања

Bez autora
Jan 22 2014

Владата го објави конкурсот за финансиската поддршка за вработување на невработени лица и лица од ранливи групи. За овој проект од буџетот на државата за 2014 година ќе бидат одвоени 47.520.000 денари, финансиска поддршка за вработување на околу 587 евидентирани невработени лица регистрирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Станува збор за мерки коишто имаат најголеми резултати во однос на обезбедување на вработување, поттикнување на вработување, мерки за коишто има голем интерес од страна на невработените, мерки за зголемување на вештините, способностите и знаењата на невработените лица, истакна министерот за Труд и социјална политика, Диме Спасов, на денешната конференција каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска информираа за целите на оваа програма на владата.

Објавен конкурсот за субвенции за нови вработувањаВладата го објави конкурсот за финансиската поддршка за вработување на невработени лица и лица од ранливи групи.

За овој проект од буџетот на државата за 2014 година ќе бидат одвоени 47.520.000 денари, финансиска поддршка за вработување на околу 587 евидентирани невработени лица регистрирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија.

„Станува збор за мерки коишто имаат најголеми резултати во однос на обезбедување на вработување, поттикнување на вработување, мерки за коишто има голем интерес од страна на невработените, мерки за зголемување на вештините, способностите и знаењата на невработените лица", истакна министерот за Труд и социјална политика, Диме Спасов, на денешната конференција каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска информираа за целите на оваа програма на владата.

Спасов потенцираше дека најголем предизвик е да се направи првиот чекор во отворањето на сопствен бизнис и активно вклучување на пазарот на трудот, кој може да биде и клучен за личниот успех.

"Од предвидените 587 невработени лица 80-тина се од ранливите групи: жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, жртви на трговија со луѓе", додава министерот.

Во програмата се предвидува финансиската поддршка за вработување на невработени лица од ранливи групи да изнесува 17.000 денари по лице месечно, од кои 3.000 денари по лице ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес.

"Секој работодавач кој има вработено до 10 работници има право на субвенција за вработување најмногу до 2 невработени лица.

Фирмата која има вработено до 50 работници има право на субвенција за вработување најмногу до 5 невработени лица, додека Компаниите кои имаат повеќе од 50 работници имаат право на субвенција за вработување најмногу до 10 невработени лица", стои во изјавата на министерот.

Спасов напомена дека субвенцијата за секое вработено лице се исплаќа во бруто плата со износ од 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да го задржи на работа најмалку уште 12 месеци или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на невработени лица при што приоритет ќе имаат лицата од истата целна група.

Со оваа мерка која се спроведува во континуитет од 2007 година владата успеала да обезбеди работа за 4668 невработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik